Цели и Задачи

Остварувањето на своите цели ОЖМ-Ш ги постигнува со:

  • Организирање на манифестации во Швајцарија за промовирање на македонската култура, кулинарска традиција, обичаи, музика и историја
  • Организирање на туристички и културни патувања во Швајцарија и Европа
  • Воспоставување соработка со други сродни асоцијации од Швајцарија и Македонија
  • Организирање на едукативни семинари од разни области за подобрување на животните навики, здравствената заштита и општата култура
  • Активностите за подобрување на интеграцијата во Швајцарија, преку учество на културни, спортски и хуманитарни активности, организирани од швајцарски организации со сродна дејност на ОЖМ-Ш
  • Самостојно организирање и остварување на целите и интересите утврдени со овој Статут, без политичко учество и активности и нема своето име, имот и средства да ги користи за остварување на цели на политички здруженија или здруженија чии цели не се соодветни со целите на ОЖМ-Ш