20160710_162210

Еднодневен излет на Пилатус

Недела, 10. Јули 2016, прекрасен ден за излет! Железничка станица Луцерн, се собравме друшки верни спремни за да поминеме еден сончев и возбудлив ден на познатиот врв Pilatus 2132м (7000ft)! Со гондола стигнавме до врвот од каде имавме неограничен поглед на Vierwaldstättersee, уживавме во прекрасната гледка 360° Panorama…со Zahnrad се симнавме до Alpnachstad, од каде со брод продолживме до Luzern. На крајот сите уморни но задоволни од пријатното дружење со сонце облеан ден, се разделивме срдечно до следното видување. Голема благодарност до организаторката на излетот, Лилјана Китанова која како и до сега одлично организираше секоја ситница од воз-гондола-брод до ручек! Уживајте во снимките од овој убав ден и се надеваме дека следниот излет ќе имаат можност да учествуваат и тие што овој пат беа спречени.

Фотографиите од излетот можете да ѓи видите на нашата официјална Facebook стана (www.facebook.com/Organizacija-na-zenite-od-Makedonija-vo-Svajcarija-464500676943116/photos)

Напишете коментар