20180429_113539

Генерално Собрание 2018

Недела, 29. Април 2018 год се одржа годишното Собрание на нашата Организација на кое присуствуваа 41 членка и една гостинка. Во пријатна атмосфера и добро расположение се одвиваше следењето на дневниот ред. Записникот од минатото ГС 2017 кој го припреми и прочита секретар-записничар Билјана Игнатова-Кузмановски беше едногласно усвоено како и каса извештајот кој детално беше представен од страна на благајник Лилјана Китанова. Следеа реизборите на УО ( кои се одржуваат секои 2 години) на организацијата. Новиот состав на УО е публициран во рубриката Контакти – Управен Одбор, и Контакти – Координаторки.
Во име на УО на ОЖМ-Ш, сакаме да им се заблагодариме на досегашните членови на УО, кои последните години совесно и перфектно ја вршеа доверената должност.
Посебна благодарност до Снежана Гаврилова за нејзината ангажираност како подпредседател на Организацијата, за големиот елан и ентузијазам кои ги покажа и за сите постигнати резултати. Снежана останува координатор на Кантон BS/BL.