20160710_162210

Еднодневен излет на Пилатус

Недела, 10. Јули 2016, прекрасен ден за излет! Железничка станица Луцерн, се собравме друшки верни спремни за да поминеме еден сончев и возбудлив ден на познатиот врв Pilatus 2132м (7000ft)! Со гондола стигнавме до врвот од каде имавме неограничен поглед на Vierwaldstättersee, уживавме во прекрасната гледка 360° Panorama…со Zahnrad се симнавме до Alpnachstad, од каде со брод продолживме до Luzern. На крајот сите уморни но задоволни од пријатното дружење со сонце облеан ден, се разделивме срдечно до следното видување. Голема благодарност до организаторката на излетот, Лилјана Китанова која како и до сега одлично организираше секоја ситница од воз-гондола-брод до ручек! Уживајте во снимките од овој убав ден и се надеваме дека следниот излет ќе имаат можност да учествуваат и тие што овој пат беа спречени.

Фотографиите од излетот можете да ѓи видите на нашата официјална Facebook стана (www.facebook.com/Organizacija-na-zenite-od-Makedonija-vo-Svajcarija-464500676943116/photos)

Добредојдовте на нашата нова Website

Почитувани,

Ве поздравуаме на нашата нова официјална веб страна! Тука ќе ги објавуваме на кратко нашите новости, извештаи и најави. Додатни информации и фотографии ќе бидат публицирани на нашата официјална Facebook страна: www.facebook.com/Organizacija-na-zenite-od-Makedonija-vo-Svajcarija

20160619_115222_crop

Генерално Собрание на ОЖМ-Ш 19. Јуни 2016 Локарно

Поради големите активности во почетокот на оваа година ГС на ОЖМ-Ш се одржа на 19 Јуни 2016 год. во прекрасното место Локарно. Нашата долготодишна членка Родна Јакимова ни организираше првокласна локација во Ristorante Panorama, 6600 Locarno. Имавме чест да поздравиме 42 членки кои учествуваа во прекрасното дружење на нашата организација. Во пријатна атмосфера уживавме во вкусниот ручек кој ни  беше приреден! Управниот одбор останува во иста постава како и претходната година. Фотографиите од Локарно можете да ѓи погледнете на нашата Facebook страна. (www.facebook.com/Organizacija-na-zenite-od-Makedonija-vo-Svajcarija-464500676943116/photos)

20160520_171157

Импресии од нашето патување 18-22 Мај, 2016 (Нормандија)

И оваа година г-ѓата Мелани Маурер од EUROBUS Bern AG и нашата почитувана Лилјана Китанова  ни организираа безпрекорно патување во Франција. Во супермодерниот автобус и компетентен возач во раните зори пристигнавме во Париз, градот на љубовта! Иако градот не дочека со облаци и дожд, тоа не не спречи да уживаме во убавините на Ајфеловата кула, прошетка со брод по реката Сена, посета на катедралата Нотр Дам, Триумфалната порта итн. После впечатливите доживувања во Париз, продолживме во правец на Нормандие, каде имавме можност да посетиме (на жалост) само неколку историски места, како: Arromanches (www.arromanches.com) , Mont Saint Michel (www.ot-montsaintmichel.com) Saint Malo (www.saint-malo-tourisme.com) .

Фотографиите од нашето прекрасно патување можете да ѓи видите на нашата официјална Facebook стана (www.facebook.com/Organizacija-na-zenite-od-Makedonija-vo-Svajcarija-464500676943116/photos)